петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Жителите на Бардовци излегоа на протест – не прифаќаме изградба на било каков Центар за странци

Жителите на Бардовци излегоа на протест – не прифаќаме изградба на било каков Центар за странци

Жителите на село Бардовци денеска излегоа на протест против изградбата на Центар за странци. Тие се против изградба на било каков центар за странци во овој дел. Велат протестот продолжува и утре, од 18 часот, а најавен е и протест за петок во истото време.

За тоа што ќе биде овој објект имаше доста шпекулации. Почнувајќи уште од 2017 година се говореше дека се гради камп за мигранти, што со годините беше демантирано со многу малиот број на лица кои доѓаа во нашата земја и речиси ниту еден од нив не сакаше да остане тука.

МВР тогаш објави дека се работи за прифатен центар за странци, односно нов објект за постоечката „куќа на стравот“ во Гази Баба која не исполнува ни минимум човечки услови.

На таблата која е поставена на самата локација каде што се гради стои дека се работи за проект финансиран од ЕУ од 1,5 милиони евра, преку ИПА 2016 програмата „Миграции и азил, гранично управување и борба против тероризмот и организираниот криминал. Четири години подоцна, со протестите на жителите, оживеа повторно оваа идеја – дека се гради прифатен центар за мигранти.

Од МВР повторно велат дека она што се гради таму нема врска со мигрантите, туку е центар за странци и тоа не нов центар, туку само нов објект кој треба засекогаш да го прати во истријата она што како објект се наоѓа во Гази Баба.

-Прифатниот центар сместен во Гази Баба е целосно некомпатибилен за намената и поради тоа ќе се гради нов како замена за постоечкиот. Во претходните години, иако повеќе пати беа реализирани градежни зафати за подобрување на условите за сместување, овој објект и понатаму не може да одговори на потребите за обезбедување на неопходните стандарди за сместување на странци, особено за ранливите категории на лица – жени, деца, лица со посебни потреби, велат од МВР.

И до тука се е во ред ако се следат официјалните информации. Но, каде настанува проблемот?

Проблемот најверојато настанува во делот што никој од надлежните инститции не дошол и на самите жители да им објасни што тоа ќе значи – дали е тоа некаква закана за нив, како што тие сметаат, дали се оправдани нивните стравувања, и на крајот да ја смири јавноста.

-Причината за револтот кој што се појавува кај граѓаните јас ја гледам кај информирањето и транспарентноста, навременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. Жителите се пожалија баш на тоа. Ако им се објасни на луѓето за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми, изјави неодамна Златко Николоски, експерт за миграции за ТВ Алфа.

Коронавирус