сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Жител на Ѓорче: Куќата може да ми се сруши, а градоначалникот не отстапува од изградба на зграда

Жител на Ѓорче: Куќата може да ми се сруши, а градоначалникот не отстапува од изградба на зграда

Жител на скопската населба Ѓорче Петров се соочува со тоа да неговата куќа се сруши поради донесениот нов ДУП кој предвидува изградба на зграда. Дејан лазиќ на социјалните мрежи информира за тоа што градоначалникот Александар Наумовски и неговиот тим имаат план да го направат.

-Живеам во куќа направена 1942 година, лепенка со сосед, изградена како еден објект а функционално поделена на две станбени единици. Изградена со заеднички темели, заеднички носечки ѕидови, заеднички циклаж на двете доградби и изградена вон новите критериуми за градба кои важат од 1963 год. (истото е детализирано од страна на деканот и професори од Градежниот факултет Скопје при направен увид на фактичката состојба). Со новиот Дуп за населба Хром донесен од овој градоначалник и неговиот тим, се дава дозвола за градба на неделив објект, односно се дава дозвола куќата лепенка да се исече на пола и да се прави зграда од 13.5м, пишува тој.

Лазиќ додава дека ризикот за оштета при градба на неговата куќа е огромен и истата може да се сруши.

-Сето ова не е доволно за градоначалникот и постапката за градба продолжува со објаснување дека ако нешто се сруши, штетата ќе биде покриена 😩 Секој совет, споделување, пријава до медиуми, предлог адвокат е добредојдено, вели Лазиќ.

Почитувани пријатели,

Сакам да ве информирам за тоа што градоначалникот Александар Наумовски и неговиот тим имаат план…

Posted by Dejan Lazic on Saturday, September 19, 2020

Коронавирус