четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 16
home Вести

Зиков: Судот им нареди на СЈО да ни ги достават преслушкуваните разговори и СМС пораки, но откако СЈО не го испочитува, судот си го отповика решението

Зиков: Судот им нареди на СЈО да ни ги достават преслушкуваните разговори и СМС пораки, но откако СЈО не го испочитува, судот си го отповика решението

Адвокатот на одбраната за обвинението „ТНТ“ Стерјо Зиков, во кој обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Миле Јанакиевски и екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, во телефонски разговор во Вестите на Сител истакна дека од судот барале да направат копија од разговорите и СМС пораките како доказ кои ќе се користат во постапката. Судот на првото рочиште го задолжило СЈО да им ги достави материјалите на адвокатите на одбраната, но откако СЈО тоа не го направиле, на следното рочиште судот го отповикал своето решение.

Главната расправа се заглави и застана во главно околу ова прашање. Судијата на првата расправа ги  прифати нашите аргументи и го задолжи СЈО да ни достави цедињата, меѓутоа  на следната расправа од кога тоа СЈО не го стори, судот го отповика своето решение. Исто така како што ви кажав без да ни даде соодветно образложение за тоа, рече Зиков.

Тој додаде дека тие како одбрана барале од судот да дозволи да се да се направи копија од цедињата и да им се достави, се со цел  во свои услови да ги погледнат и да ги преслушаме  овие снимки доколку има потреба да направат и некои други дополнителни истражувања.

Овие докази не може да бидат соодветни и да се сметаат исто како доказите што во други предмети на пример се применуваат со посебни истражни мерки., каде што тоа се прави во една строго пропишана процедура, тогаш доказите остануваат во судот и се во еден примерок. Меѓутоа овие докази не се од таков карактер, не се прибавени со  посебни истражни мерки и во таа смисла ги сметаме дека се обични докази како и сите други докази што се во предметот, што обвинителството без никаков проблем ни ги достави, заврши Зиков.

Коронавирус