вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Вести

Зиков: Постапката била согласно закон 

Зиков: Постапката била согласно закон 

Преку изведување на доказите на СЈО и на одбраната, во однос на финалната верзија на тендерската документација за оваа набавка која ја вклучува и техничката спецификација, се потврди дека во самата тендерска документација предвидена е можност економскиот оператор да може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган преку ЕСЈН, со користење на модулот „Прашања и одговори“ а МВР по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, можело да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.

Ова го истакна денес во завршните зборови адвокатот Стерио Зиков.

-И покрај ваквиот неспорен факт ниту еден оператор од оние 16 кои ја подигнале тендерската документација не поставил прашање, ниту побарал каква и да е измена на тендерската документација па истата станала конечна, а до истекот на рокот до договорниот орган е поднесена една понуда и истата согласно Законот за јавни набавки е евалуирана како прифатлива. Oва за потребите на судската постапка во јануари 2018 го потврдува и самото МВР и појаснува дека во други постапки за јавни набавки, кои се однесувале на набавка на возила, заради допрецизирање на тендерската документација економските оператори поставувале прашања, барања и предлози за и во врска со јавната набавката, вклучително и за техничката спецификација и врз основа на тоа биле вршени измени на истата во согласност со можностите кои ги дава ЗЈН и на тој начин се доаѓало до финалната верзија на документацијата, реча адвокатот.

Тврдењето на СЈО за наводно фаворизирање на економскиот оператор Мак Аутостар, се побива и со одредбите од Законот за заштита на конкуренција согласно кои не постои ексклузивитет за ниту еден економски оператор во однос на брендот кој може да го понуди. Напротив од регулативата, од изјавата на сведок кој бил долгогодишен управител на една од конкурентските фирми и од праксата за која постојат јавно достапни податоци произлегува спротивното.

Последен таков пример, за кој неодамна известуваа медиумите кој може да се потврди и од јавно достапните податоци објавени ЕСЈН на интернет страницата на Бирото за јавни набавки, е Договорот за јавна набавка на патничко возило, кој Општина Новаци го склучила со Јосифов ДООЕЛ од Битола, кој не е овластен увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за соодветниот бренд на возило,.