понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 118
home Вести

Зибери: Загрижувачка е состојбата со смртноста од Ковид-19, нешто не е во ред со системот

Зибери: Загрижувачка е состојбата со смртноста од Ковид-19, нешто не е во ред со системот

Алармантно е како на околу 500 нови случаи има 22 починати во еден ден, а во Србија, на пример, на околу 700 позитивни случаи има тројца починати. Тоа покажува дека нешто не е во ред со системот, вели за „360 степени“ претседателот на собраниската Комисија за здравство и поранешен директор на Центарот за јавно здравје-Скопје.

-Посебно е загрижувачка состојбата со смртноста во земјава од Ковид-19. Треба да се утврди што е причината за тоа. Дали е во прашање само задоцнето јавување на лекар или и недоволните капацитети на болниците, исцрпеноста на здравствените работници и неподготвеноста на здравствениот систем во целина, вели пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери, кој претходно беше директор на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Зибери сега е претседател на собраниската Комисија за здравство, која, како што најавува тој, денеска или утре ќе ги разгледа измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се на дневен ред на собраниската седница што почнува денеска.

целиот текст прочитајте го на „360 степени“

Коронавирус