среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зибери ги повика партиските лидери на телевизиска дебата

Зибери ги повика партиските лидери на телевизиска дебата

Откако ја претстави агендата за првите 100 дена како премиер Албанец, Насер Зибери ги повика своите македонски политички противници на јавна дебата на ТВ: граѓаните заслужуваат демократска дебата за идеите и иднината на земјата.

„Затоа, би сакал да ја искористам оваа можност да ги поканам двајцата мои конкуренти за премиерската функција на ТВ дуел. ТВ дуелите меѓу кандидатите за премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде низ светот. Уште еднаш им се обраќам и на господинот Заев и на господинот Мицкоски, да ја прифатат оваа испружена рака да организираме дебата на независните и неутрални медиуми, да имаме телевизиска дебата и да ги информирате нашите граѓани за нашите погледи, визии и идеи, а со цел да им биде полесно на граѓаните да донесат одлука на денот на
изборите“, продолжи Зибери.

Коронавирус