понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 3
home Вести

Зголемени нивоата на реките, дел се уште под декемврискиот просек

Зголемени нивоата на реките, дел се уште под декемврискиот просек

Врнежите што ја зафатија земјава го зголемија нивото на реките, но некои од нив се уште се под просекот за декември.

Според денешните хидролошки мерења, значително пониски од декемврискиот просек се Црн Дрим кај Ложани, Треска кај Македонски Брод, Струмица кај Ново Село, Лепенец кај Скопје, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун.

Над просекот е само Пчиња кај Пелинце.

Состојбата со езерата е речиси непроменета. Водостојот на Охридско Езеро е е еден сантиметар под дозволениот минимум, додека водостојот на Преспанското езеро за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Коронавирус