петок, 5. март 2021. Вести денес: 110
home Вести

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Во декември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,5 проценти на месечно и за 1,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1 процент, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти.

Според ДЗС, во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 8 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти и Капитални производи за 0,3 проценти.  (МИА)

 

Коронавирус