среда, 28. јули 2021. Вести денес: 152
home Вести

Зголемен водостојот на Вардар

Зголемен водостојот на Вардар

За повеќе од три пати е зголемен водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце, а зголемување во однос на вчера има и на останатите три мерни места на реката, покажуваат последните мерења направени од управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР).

Зголемување на нивото бележат и сите останати реки во земјава со исклучок на Треска, Радика и Црн Дрим каде водостојот е ист како вчера.

За разлика од реките, водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро е ист како вчера, додека нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчерашното.

Коронавирус