понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, со што сега е два сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).

Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Со тоа Преспанското Езеро има за 1,55 метри понизок водостој од просекот за јануари, нивото на Охридското е исто со просечното, а на Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Водостоите, пак, на реките во земјава се во рамките на просекот и во најголем дел бележат благо намалување на нивото во споредба со вчера.

Коронавирус