Македонија УХМР

Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро

Водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за март и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,58 метри кај Дојранското Езеро, изјавија од УХМР.

Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а за еден намален на Дојранското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за март и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,58 метри кај Дојранското Езеро. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 2,05 метри пониско од просечното и е на четири сантиметри под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина.

Понизок водостој од просечниот имаат и повеќето од реките во земјава, но најчесто е малку повисок од вчерашниот. Најголемо зголемување во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Велес каде нивото е за 42 сантиметри повисоко до вчерашното.

To top