недела, 9. мај 2021. Вести денес: 70
home Вести

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера со што нивото сега е за 22 сантиметра пониско од повеќегодишниот просек за април.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 1,52 метра пониско од просечното иако за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и се во рамките на вчерашниот ден со благи поместувања нагоре или надоле. Единствено натпросечно е нивото на реките Пчиња на мерното место кај Катлановска Бања и Струмица кај Сушево.

Коронавирус