сабота, 15. август 2020. Вести денес: 73
home Вести

Зголемен водостојот на Охридско и Дојранско Езеро

Зголемен водостојот на Охридско и Дојранско Езеро

Водостојот на Дојранското и Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, а нивото на Преспанското Езеро е непроменето во однос на вчерашниот ден, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај Дојранското Езеро водостојот е за 2,74 метри повисок од вообичаениот за декември, додека кај останатие две природни езера е понизок од просечниот.

Повисок водостој од просечниот има и Вардар на мерните места Јегуновце, Скопје и Демир Капија, а во Велес е понзок. Кај останатите реки во земјава новото е пониско од повеќегодишниот просек за овој месец иако кај најголем дел од нив има благо зголемување во однос на вчера.

Коронавирус