недела, 29. март 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просекот за март и тоа за 2,88 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е за 83 сантиметри пониско од просечното.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Вардар на мерното место кај Скопје. Кај нив воглавно се бележи и намалување на нивото во однос на вчера иако има и реки кај кои има благо зголемување на водостојот во споредба со вчерашниот.