недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а кај останатите две природни езера нивото е исто како вчерашното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Дојранското и Охридското Езеро е повисок од просечниот за март и тоа за 2,83 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека кај Преспанското Езеро е за 85 сантиметри понизок од вообичаениот.

Нивоата на сите реки се пониски од вчерашните со исклчучок на Вардар на мерното место кај Демир Капија и Треска кај Македонски Брод, каде има мало зголемување во однос на вчера. Кај најголем дел од реките водостоите се пониски од просечните за овој месец.

Најнови вести

Коронавирус