вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава

На грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција денеска се чека околу два часа.

На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.

На грчката граница, заедно со припадниците на грчката полиција, забележливи се и припадници на Еулекс кои ја мониторираат работата на грчките колеги, но од време на време и тие проверуваат пасоши на некои од луѓето кои ја напуштаат Грција.

За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица, нема подолго чекање.

Сепак, интензитетот на сообраќајот е зголемен особено на автопатот Е-75 кој води кон српската граница. На патарините засега нема подолго задржување, но според бројот на возилата кои сообраќаат, можно е формирање колони.

Коронавирус