сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од градските средини

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од градските средини

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.