петок, 29. јули 2022. Вести денес: 64
home Вести

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, на ГП Табановце се чека до 30 минути за излез од државата

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, на ГП Табановце се чека до 30 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 30 минути, додека на другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус