недела, 9. мај 2021. Вести денес: 84
home Вести

Згасна уште еден млад живот: Почина Гоце Љубиновски

Згасна уште еден млад живот: Почина Гоце Љубиновски

Денеска по кратко боледување во Дебар почина Гоце Љубиновски претседател на невладината организација “Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар”.

„Вечен спомен другар, прекрасен човек“. Со овие зборови градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, се прости од Гоце Љубиновски.

Згасна уште еден млад живот, а од својот драг другар и сопартиец се простија и од огранокот на СДСМ во Дебар.

„Со огромна тага и неверување ја примивме веста дека нашиот драг другар и сопартиец Гоце, не е веќе меѓу нас. Премногу рано, загубивме другар за пример, човек со големо срце и шарм. Ние сме ти бескрајно благодарни на твојот несебичен придонес. На семејството Љубиновски му изразуваме длабоко и најискрено сочувство. Нека те чуваат ангелите. Почивај во мир и вечна ти слава“, напишаа тие на „Фејсбук“.

Љубиновски имаше 42 години.

Коронавирус