среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 70
home Вести

ЖЕСТОКА КАВГА ПОМЕЃУ ДУИ И СДСМ: Алими го спореди Заев со Милошевиќ, вели срам му е што гласал за оваа Влада

ЖЕСТОКА КАВГА ПОМЕЃУ ДУИ И СДСМ: Алими го спореди Заев со Милошевиќ, вели срам му е што гласал за оваа Влада

Жестока кавга настана во Собранието помеѓу коалициските партнери ДУИ и СДСМ, поради екстрадицијата на косовскиот државјанин, поранешен припадник на УЧК, Томор Морина кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд.

Имено координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими жестоко го нападна Зоран Заев поради екстрадицијата на косовски државјанин во Србија. Алими на денешната седница на која се поставуваат пратенички прашања го спореди Зоран Заев со Милошевиќ.

Тој додаде дека се срами што гласал за конституирање на оваа Влада. -Јас сум иритиран од последниот случај кој што се случи, кога беше приведен бивш воијник на УЧК и колку нашата држава го почитува меѓународното право. На барање на Србија се бара еден граѓанин на Косово и со самиот факт што тој не е граѓанин на Србија, а ние го признавме Косово, покажува дека министерството за внатрешни не ги почитува сите правни норми во нашата земја.

До кога вака. Доколку се оди со вакви практики да се приведува за секое барање кое го направила соседната држава за сите војни кои се случиле во 90-тите години и кои што нашата земја примила над милион избеглицили и трошела средства. Доколку сите сме фокусирани дека нашата земја ќе оди кон ЕУ и НАТО, со овие праткики се враќаме во 1999-та година и барањата на Милошевиќ, тие не се веќе во сила. Би ве замолил да превземете мерки додека не е доцна, вели Алими.

Коронавирус