сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 80
home Вести

Жешка шлаканица за Македонија: Место датум од ЕУ, добиваме „рамка“, ама јасна?!

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан „јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори.“ Шансите за Македонија да добие датум за преговори во мај или пред мај се рамни на нула. Тоа мора да ни биде јасно и да бидеме свесни дека проблем се и нашите реформи, вели аналитичарот Ристо Никовски за КУРИР.
Жешка шлаканица за Македонија: Место датум од ЕУ, добиваме „рамка“, ама јасна?!

Жешка шлаканица за Македонија. Шансите на нашата држава во мај се еднакви на нула, бидејќи домашната задача- да нема криминал, да нема рекет, да нема корупција, а да има реформи- не е завршена.

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори. Тој во интервју за Франс 24 повтори дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и на Албанија. Наведе дека тоа ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб.

По изјавата на Пленковиќ, КУРИР побара став од аналитичарот Ристо Никовски, според кого шансите Македонија во мај да добие датум за преговори се еднакви на нула.

Тој смета дека според севкупниот преглед, апсолутно е невозможно Македонија да добие датум за преговори. Проблем гледа и во нашите реформите, па затоа порачува дека државата треба да се концентрира токму на нив, бидејќи тоа е излезот.

-Изјавата на Пленковиќ само потврдува дека шансите за Македонија да добие во мај или пред мај датум за преговори се рамни на нула. Тоа во повеќе прилики го најави и самиот Макрон и други лидери на Европската Унија и иако има едно широко залагање за Македонија и Албанија да почнат со преговорите, меѓутоа фактичката ситуација е таква што можностите и отворањето на нови преговарачки процеси не се на дневен ред на Брисел. Тоа мора да ни биде јасно и да бидеме свесни дека проблем се нашите реформи, а проблем е и Албанија за која 15 членки од Унијата се дека треба да преговара, а другите сметаат дека Албанија не е подготвена. Тоа е втора блокада за Македонија, изјави Никовски за КУРИР и додаде:

„Затоа Македонија треба да се концентрира на реформите, бидејќи само таму ќе биде излезот и патот за побрзо започнување на процесот на приклучување“.

И граѓаните се согласни дека датум со ЕУ нема поради неспроведени реформи од Заевата влада- вака вели последната „Еврометар“ анкета.

Мнозинството граѓани или 56,8 отсто, како главна причина за неотпочнувањето на преговори го посочуваат неспроведувањето реформи на домашен план, додека малцинството, околу една четвртина како причина ги посочуваат внатрешните случувања во Унијата.

Граѓаните, според најновите резултати од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР за мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата во институциите во организација на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, поддржуваат членство во Европската унија, а мнозинството од нив сметаат дека тоа е добра и корисна работа за земјата и остануваат оптимисти за добивање датум за преговори на пролет.

Од анкетираните граѓани, 36,4 отсто сметаат дека земјава може да очекува влез во ЕУ во наредните пет години, додека 67,9 отсто се на мислење дека државава ќе влезе во Унијата во следните 10 години.

Иако надежта последна умира, се чини дека Македонија освен „јасна“ рамка, нема да добие ништо повеќе, се додека не си ја напише домашната задача.

Коронавирус