понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Жената која се фрли во Вардар била спасена, па тепана од татко и’

Жената која се фрли во Вардар била спасена, па тепана од татко и’

Жената која попладнево се фрли во реката Вардар пред Камениот мост, била спасена од нејзиниот татко кој потоа ѝ викал и ја тепал, раскажуваат за „Фокус“ дел од очевидците кои се нашле на местото на настанот.

Таа веднаш била пренесена во Градската болница „8 Септември“, каде како што ни потврди директорот на болницата Кристијан Костов сместена е на психијатриското одделение.

Според последните информации таа имала лесна хипотермија од студената вода, но се наоѓа во релативно стабилна состојба.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 13.30 часот, и дека кога тие пристигнале на местото на настанот ги затекнале М.А. (27) и нејзиниот татко. 

Коронавирус