петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 194
home Вести

Жена од Тетово три пати се заразила со коронавирус

Жена од Тетово три пати се заразила со коронавирус

Пациентката за која Институтот за јавно здравје извести дека е единствена кој трипати се заразила со коронавирусот и трипати оздравела, е педесет и двегодишна тетовчанка, неофицијално дознава „Фокус“.

Тетовката првиот позитивен тест го имала во јули лани, а тогаш како единствен симптом имала главоболка. Во декември, таа повторно се заразила, но и тогаш немала потреба од хоспитализација. И покрај тоа што била вакцинирана со вакцината „Синофарм“, жената во јули годинава се заразила и по третпат, пишува Фокус.

Пациентката, која е единствена во земјава која трипати била заразена со опасниот вирус, имала хронична бубрежна болест и висок притисок.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека заклучно со 19 септември, за време на целата епидемија во Македонија, регистрирани се вкупно 522 пациенти кои се заразиле двапати. Од пријавените случаи на реинфекција, петмина пациенти починале.

Коронавирус