четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Жена делумно позитивна на коронавирус, се прават дополнителни испитувања

Жена делумно позитивна на коронавирус, се прават дополнителни испитувања

Две нови лица вчера се јавиле со симптоми и биле тестирани на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека се работи на маж и жена.

-Првиот случај е маж, возач на камион кој патувал низ северна Италија и имал симптоми на грип. Неговиот тест е негативен на коронавирус. Во вториот случај се работи за жена која со сопругот била на кратка прошетка во Рим. Кај неа тестот една третина е парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси и се прават допонителни тестирања на широка палета на вируси, иако верувам дека и овој тест ќе биде негативен, нагласи Филипче.

Пациентката кај која е потврден првиот случај на коронавирусот во Македонија, се чувствува добро и има лесна форма на клиничка слика. Тој посочи дека во текот на вчерашниот ден биле исконтактирани сите патници од комбето со кое таа патувала од Италија кон Македонија, сите се во соодветна изолација во домашни услови.

-Направен е контакт со сите лица со кои контактирале овие патници. Телефонски се исконтактирани сите и укажано им е дека треба да почекаат денеска да бидат контактирани од екипите на епидемиолози и од припадниците на МВР. Кај дел интервјуата се завршени, кај дел се врши во моментов. Добро е што скоро сите укажуваат на тоа дека немале конаткт со голема маса на луѓе, пред се’ контактите им биле во рамки на семејствата, во куќите во кои живеат или во дворовите. На сите ќе им биде назначена изолација, истакна Филипче.

Министерот додаде дека во 13 часот е закажан состанок на Комитетот на кој со полициските припадници треба да се договори дали согласно условите на изолација, ќе продолжи домашната изолација или лицата ќе бидат пренесени во претходно утврдени центри со инфективни одделенија.

Коронавирус