Земјотрес со јачина од 3.3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на неколку минути пред 13 часот. Епицентарот бил на длабочина од 2 километри.
Според првичните информации до кои дојде ТВ21, земјотресот го почувствувале граѓаните од западните делови на Македнија.
Низа земјотреси го тресеа тлото на Маврово минатиот месец, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтерова скала. Силните земјотреси предизвикаа и штети во неколку објекти во Маврово.