среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес ја стресе Струга

Земјотрес ја стресе Струга

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во Струга и околината.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, соопшти дека земјотресот е регистриран во 18 часот и 39 минути.

Бил со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и со епицентар на 157 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.