сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Земјоделецот со членска книшка на СДСМ: Се прават огромни притисоци врз земјоделците да не излегуваат на протест

Земјоделецот со членска книшка на СДСМ: Се прават огромни притисоци врз земјоделците да не излегуваат на протест

Наместо да се занимаваат со убедување на земјоделците да не излегуваат на протести нека седнат и нека сработат несто во корист на земјоделците и на граѓаните, рече земјоделецот кој денеска протестираше пред Влада, а кој воедно извади и членска книшка на СДСМ за да докаже дека е нивен член и активист.

Тој посочи дека има многу земјоделци кои сакаат да присуствуваат на протестот, но кои не дошле затоа што се плашат, бидејќи од власта и вршат големи притисоци.

-Има многу земјоделци што не излегоа на протести затоа што се плашат и затоа што врз нив се прават големи притисоци. Има големи притисоци и јас порачав и пак порачувам: Не подлегнувајте на притисокот. Кој притиска- тој што се плаши. Јас не брам ништо што не е мое. Јас го барам само тоа што е мое, порача одлучно револтираниот земјоделец.

Меѓу другото тој му порача на министерот за земјоделство, Трајан Димовски, да оди барем еден ден на планина со неговата стока за да види како е, и колку тоа е лесно.

-Јас 24 часа сум на планина со стоката. Па господине Трајан дојдете само еден ден и јас ке ви го дадам стапот за и вие да се позанимавате малку со стоката за да видите како е и колку е тоа лесно, му порача на министерот.

Револтираниот земјоделец исто така рече дека субвенциите за една година, од оние кои Влада му ги должи, не и ги бара и и ги остава на нејзе.

Коронавирус