четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Земјоделецот на кого СДСМ му бараше партиска книшка за да му исплати оштета од поплавите правдата ќе ја бара во Стразбур

Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур.
Земјоделецот на кого СДСМ му бараше партиска книшка за да му исплати оштета од поплавите правдата ќе ја бара во Стразбур

Откако КУРИР пред неколку дена го објави скандалот со разочараниот земјоделец од Арачиново на кого СДСМ му бараше партиска книшка за да му исплатат оштета од поплавите во 2016 година, правдата ќе ја бара во Стразбур.

Земјоделецот Екрем Јаји од скопското село Арачиново денеска повторно побара институциите јавно да кажат зошто сé уште не му е исплатена отштетата вредна 10.000 евра за овошните насади уништени во катастрофалните поплави во 2016 година.

Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур. Како што нагласи, неколку пати побарал одговор од надлежните, но не добил, ниту бил примен кај министерот. Партиски, дополни, не е мотивиран, ниту е како било определен.

– На 10 јануари првпат дадов изјава за отштетата од 2016 година. Министерството за земјоделство прати демант преку социјалните мрежи дека со мене некој манипулира, дека лажам. Барам да се соочиме пред јавноста, за да се знае кој лаже. Јас или тие. Пред кој било медиум подготвен сум ако треба денес или утре, да седнеме и да ја кажеме вистината, но со факти, со вистински, а не со „фалс“ документи. Не сакам да манипулира со мене ниту една партија за политички поени. Јас не сум партиски определен, ниту сум бил, ниту ќе бидам, истакна Јаји.

Во скопските поплави му биле уништени околу 600 дрва, а за штетата има проценка.

– Министерството ниту ми ја плаќа отштетата, ниту ми дава решение. Велат дека ми следуваат пари, но да почекам зашто пари нема. Побарав средба со министерот, не ме примија. Отидов и во Тетово, зашто тука до него не можев да дојдам. Поставив прашање, зошто не ми плаќа, но тој не ми одговори. Сакаше да ми ги земе документите. Сакам да ја докажам правдата, луѓето да видат кој лаже, јас или Министерството за земјоделство, рече Јаји, додавајќи дека и други соселани, исто како него, не се обесштетени.

Јаји тврди и дека во текот на процедурата му е изгубен предметот за материјалната штета на куќата и шталата. – Зошто ми ја прават оваа неправда, не знам, рече земјоделецот од Арачиново.

инаку на оваа тема пред неколку дена се огласи и дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски кој изјави дека овој земјоделец за жал бил малтретиран со години и бил препраќан од институција до институција бидејќи си ги бара своите реално заслужени пари во однос на штетите од 2016 година.

-Министерството, платежната агенција, дури и кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев си ги префрлаат надлежностите и едноставно го манипулираат Екрем со неговите заслужени пари. Самиот ни кажа и дека врз партиска основа бил манипулиран и дали бил член на СДСМ. Јас она што можам да го направам во овој момент е дека максимално ќе се заложам да го проверам овој случај и зошто се уште се доцни со оваа исплата со која што навистина претрпел големи штети во поплавата во 2016 година, вели Трипуновски.

Тој додава дека ќе биде заштитник на земјоделците и апелира до сите кои имаат вакви или слични проблеми да дојдат во министерството и да го пријават својот проблем.

-Мене не ме интересира политичка партија, ниту ме интересира верска припадност, јас земјоделците едноставно не ги делам и за мене тие луѓе се луѓето кои ја хранат Република Македонија надвор од границите. Од она што можам да го потврдам за овој случај дека документацијата е комплетна со записник од државниот инспекторат за земјоделство каде што се констатира дека навистина е уништен тој овошен насад и едноставно парите требало да стигнат до Екрем, надополнува Трипуновски.

Техничкиот министер потенцира дека ова мора да заврши еднаш за секогаш.

-На македонскиот земјоделец му е уништено достоинството и ова е само еден пример каде навистина она што го говорам е реално поткрепено со факти. Екрем ми кажа и дека не му се исплатени и субвенциите за изминатата година, истакна на крајот Трипуновски.

Коронавирус