четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Вести

Земјоделците разочарани: Сливите ќе скапат на нивите

Земјоделците разочарани: Сливите ќе скапат на нивите

Производителите на сливи велат дека земјоделството е клекнато на колена. Поради благопријатните климатски услови, годинава сините сливи созреаја месец дена порано, а сливарите очекуваат рекордна реколта. Меѓутоа доколку нема заинтересирани купувачи во следните десетина дена, кога треба да започне бербата, сливите ќе скапат по овошните насади. Во минатото велат дека се се откупувало и не останувала ниту една слива, но сега ситуацијата не е воопшто таква.

Неготичанката Менче Стевановска  на својот Фејсбук профил пишува дека сливите ќе скапат на нивите ако не се преземе нешто веднаш.

-Гледам Делчево реагира за црната слива истиот проблем е и во Тиквешијата со сливите, род има ама нема кој да го земе. Министерот нека се запраша и за овој проблем. Инаку сливите ќе скапат на нивите, вели Стевановска.

Моменталната големопродажна цена на сината слива е 7 денари за килограм, која е на границата на рентабилност за производителите.

Инаку, претходно, земјоделците масовно ги кршеа бостаните бидејќи беа незадоволни од откупната цена која изнесуваше само три денари. И тогаш, како и сега тие беа крајно револтирани од односот на Владата и Министерството за земјоделство.