понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Земјоделците од општина Чашка на протест- доколку никој од власта не ги слушне нивните барања ќе доведе до масовен протест

Земјоделците од општина Чашка на протест- доколку никој од власта не ги слушне нивните барања ќе доведе до масовен протест

Земјоделците од општина Чашка денеска излегоа на протест незадоволни од негрижата на Министерството за земјоделство и министерот кон нив.

-Ние денеска се собравме на протест за оризовата арпа што не е исплатена во висина од пет денари од ланската реколта. Проблемите се големи цената е ниска на арпата, државата не ни дава некоја шанса да можеме да просперираме и живееме, помалку да одиме напред. Оваа година бараме цената да се знае предвреме и да се исплатат тие пет денари, велат револтираните земјоделци.

Тие додаваат дека доколку вака се продолжи со цената на оризовата арпа многу ќе биде лоша ситуацијата и не може да опстанеме.

-Жетвата е започната, а луѓето немаат пари да платат за истата. Парите треба да ни бидат исплатени во најбрз временски период и во следните години да не се одолговлекува за субвенциите и истите се намалени во минатиот период. Тоа така не може да биде треба да биде како што беше во минатото или поголеми, инаку ќе треба да излеземе на масовен протест, потенцираат земјоделците од Чашка.

Коронавирус