среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 123
home Вести

Земјоделците од Кочанско на протест, го блокираа патот Кочани-Штип во Облешево (ВИДЕО)

Земјоделците од Кочанско на протест, го блокираа патот Кочани-Штип во Облешево (ВИДЕО)

Земјопделците од Кочанско протестираат во Облешево, блокирајќи го патниот правец Кочани-Штип. Причина за протестот се високите цени на репроматеријалите, а ниската откупна цена на оризот и арпата.

Оризопроизводителите истакнуваат дека пред стартот на жетвата најмалку една четвртина од ланската реколта стои непродадена во амбарите. Затоа со нова жетва не почнуваат се додека не им се остварат барањата.

Барањата се дефинирање на производна цена на оризот и забрана за увоз на неквалитетен ориз, за да се заштити домашното производство. Од Иницијативниот одбор сметаат дека цената на оризовата арпа не смее да биде под 25 денари. Ги обвинуваат откупувачите за манипулирање, а државата за негрижа бидејќи сега за килограм арпа се плаќа од 15-18 денари, а цената оди надолу секогаш кога ќе добијат државни субвенции.

Ова е петти протест што досега го организираат оризопроизводителите во последниве две години. Барањата на сите се практично исти.

Од Министерството за земјоделство при последната посета на Kочанско рекоа дека во минативе неколку години се усвоени голем дел од барањата на земјоделците, посебно во делот на субвенционирањето, но на цената не можат да влијаат.

Локални избори 2021