сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Земјоделците контра Димковски, велат имаат неисплатени субвенции

Земјоделците контра Димковски, велат имаат неисплатени субвенции

Во разговорите повторно наидувам на ситуација дека и овде во Ерџелија има неисплатени субвенции, она што Трајан Димковски го говореше на една од дебатите дека се е исплатено гледаме дека и во Ерџелија таа слика не е вистина. Во разговорот исто така потенцираа и за проблемите со наводнувањето во 2019 година иако им било ветувано дека ќе бидат ослободени од надомест со вода ми кажуваат дека минатиот месец декември 2019 година веќе им се пуштени фактури дури иако во овој дел на Свети Николе речеси да немаше ниту една капка наводнување, односно површините и приносите беа десеткувани заради тоа што останаа без вода, изјави денеска дополнителниот заменски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој додаде:

„До 12 април е многу битно да имаме една фер и демократска процедура односно да нема вакви манипулации врз земјоделците колку што се обидуваат СДСМ во овој период, она што значи правилно вреднување на трудот на македонскиот земјоделец ќе дојде после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја формира новата влада.“

Коронавирус