петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 131
home Вести

ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР: Пороен дожд, на планините снег

ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР: Пороен дожд, на планините снег

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Температурите наутро ќе се движат од 0 до 7 степени, а дневните од 2 до 11 степени.

Слично време и во Скопје со максимална дневна температура од 9 степени.

Врнежите ќе продолжат и утре. Синоптичарите најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Нови снежни врнежи се најавуваат веќе од понеделник.

Коронавирус