понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Зелени градови или афрички степи?

Зелени градови или афрички степи?

Зелени градови или афрички степи?

Жолтило и исушена трева се само дел од сликата која можеме да ја видиме во секој град во Источна Македонија. Најсвеж пример од неажурност на градоначалниците од СДСМ се зелените површини, кои порано ги имаше, а сега исчезнаа под превезот на некадарноста. Секој парк кој беше направен, не само што не се унапредува, туку масовно се остава на суровоста на летните временски услови.
Катастрофалната матрица на владеење со која се карактеризира СДСМ, градовите ги претвори во афрички степи. Очигледно е дека власта нема капацитет да се грижи за веќе постоечкото зеленило, а камоли да создава нови паркови, во кои ќе инсталира модерни содржини и современи системи за наводнување.
Очајот во кој се наоѓаат градските власти во Источна Македонија го гледаат и граѓаните. Ветувањата за зелени градови и живот за сите, гласно говорат колку може да биде неспособна оваа структура.
Затоа, на првите избори, власта ќе биде казнета од народот и ќе биде вратена онаму каде единаесет години не ја научи лекцијата за успешно практикување на власта, напишаа од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.