петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зеколи: Резултатите се производ на елитизмот и потценувањето на електоратот

Зеколи: Резултатите се производ на елитизмот и потценувањето на електоратот

САД и ЕУ се во состојба на длабокао негирање на мрачната реалност, која помогнаа да се создаде со нивната арогантност и елитизам. Овој пат луѓето гласаа против криминалот – корупцијата. Продолжете така, па наредниот пат ќе гласаат против вас, пишува на својата твитер сметка аналитичарот Арсим Зеколи.

„Не значи не – му кажа Македонија на светот. Вашите усти велат НЕ, но колковите изговараат ДА, ни одговара западот“, се пошегува аналитичарот.

Во серијата твитови инспирирани од резултатите на референдумското изјаснување, поранешниот амбасадор на Република Македонија во ОБСЕ и во ОН потенцира дека вчерашните резултати не се глас против западот, ниту пак за истокот.

„Ова е црвен картон за корупцијата и „тоа-па-тоа“ политиките. Најверојатно ќе им требаат неколку дена да ја сфатат лекцијата од аматерските политики кои произлегуваат од потценувањето на електоратот“, пишува Зеколи.

Коронавирус