недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Зеколи: Нема да излезам на референдум, нема да ја легитимирам корумпираната власт

Зеколи: Нема да излезам на референдум, нема да ја легитимирам корумпираната власт

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, кој е поранешен дипломат, во неговата последна колумна за Дојче Веле на македонски јазик вели дека ќе апстинира и нема да излезе на претстојниот референдум.

Во колумната Зеколи вели дека тоа го прави за да не ја легитимира корумпираната власт, за која смета дека нема никакви демократски капацитети.

-Моите најбитни мотиви за апстиненција не се ниту идентитетот на Македонците, јазикот на Албанците и нашите и онака одамна пластелинизирани фолк-истории. Или барем не во директна, туку индиректна позиција. Клучниот мотив за апстиненција е одбивањето да се земе учество во уште една рунда на хипер-политички акробации за прикривање на ендемската (и веќе неизлечива) заболеност на општеството и државата со криминал и корупција како најголем и најтежок предизвик за граѓаните и гласачите. Одбивањето да се даде легитимитет на суштински корумпирана и сомнително демократски валоризирана влада (денес и вчера) е малиот индивидуален акт на директно одбивање на амнестија на криминалот (во име на интеграциите) и индиректно оградување од следните акти и чекори за идентитетски манипулации. Кои со оглед на севкупната поставеност во регионот, неминовно ќе уследат, паралелно со следните безброј „историски моменти“ во процесот на интеграции, низ кои домашната олигархија на криминал ќе се интегрира и пречистува низ европските побратимски коридори, пишува Зеколи во неговата колумна.

Целата колумна на Арсим Зеколи прочитајте ја тука.