среда, 31. мај 2023. Вести денес: 105
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Вести

Зекири потврди дека СДСМ влијае врз судството

Зекири потврди дека СДСМ влијае врз судството

Албанските медиуми пренесуваат дека во интервју на ТВ21, Мухамед Зекири изјавил дека СДСМ работи на ослободување на многу Албанци од притвор.

Имено, Зекири во телевизиската дебата синоќа рече дека многу невини Албанци во моментов се на издржување казна доживотен затвор, пишува Факте.

Според него, се прават напори ова прашање да се реши онака како што беше решен случајот “Монструм”, кога се ослободија од издржување на казната обвинетите за овој случај и предметот беше вратен на повторно разгледување.

„Јас сум во тек и со другите случаи, и со случајот „Алфа“, и со случајот на Алмир и други случаи, и ние се обидуваме да направиме нешто, но мора да разберете дека постојат процедури кои мора да се почитуваат“, – рече Зекири, нагласувајќи дека сепак владата не сака да влијае врз работата на обвинителството.