понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 61
home Вести

„Зејтинот, млекото, брашното и останатите продукти се драматично поскапени, додека Заев се фали дека ќе отпишувал долгови“

„Зејтинот, млекото, брашното и останатите продукти се драматично поскапени, додека Заев се фали дека ќе отпишувал долгови“

Заев го фрли народот во сиромаштија, откако ги покачи цените и за 40% и ги зголеми трошоците за живот ќе отпишува камати, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Заев за неполни 12 месеци цените на производите на мало се драстично зголемени. Литар зејтин кој се продавал за 67 денари, сега се продава за 95 денари, литар млеко кое се продавало за 45 денари сега се продава за 52 денари, додека килограм брашно од 34 денари сега се продава за 39 денари. Зголемени се цените на сите основни производи од потрошувачката кошничка, кои се основни намирници, а во исто време над 60.000 луѓе останаа без работа, велат од партијата.

Од партијата додаваат дека додека десетици илјади луѓе се соочуваат со егзистенцијални проблеми и мислат како да го поминат месецот, Заев ќе отпишува камати, и со тоа копира проект на ВМРО-ДПМНЕ кој беше далеку поефективен и неселективен, но и во други економски услови. Во тек на голема криза каква што моментално живееме, народот има потреба од стимул на економијата, отворање на работни места и повисоки плати, за да ја преброди кризата и да застане на нозе. Ништо од тоа Заев ме прави.

-Тој и луѓето околу него делат тендери и работат со профити додека народот мака мачи да помине месец. Време е да ставиме крај на политиките на поделби на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе, истакнуваат во своето партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус