среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зечевиќ: Богоев ја манипулира јавноста, на состанокот не е постигнат никаков договор, а преписката ја крие од Советот

Зечевиќ: Богоев ја манипулира јавноста, на состанокот не е постигнат никаков договор, а преписката ја крие од Советот

Во емисијата „Што не е јасно“, гостуваше Радосава Зечевиќ која го појаснуваше инцидентот во Општина Карпош околу случајот Трнодол.

Постоеше работна средба во просториите на Општина Карпош, градоначалникот, претставник од Градот, службите кои го изработуваат урбанистичкиот план „Планарска куќа“, и од наша страна делегирани претставници односно работна група. Постоеше записник и тоа е записник за работен состанок, но не знам зашто градоначалникот го сфаќа тој записник за работен состанок како основа за постигнување на согласност. Јас денеска гледав дека тоа е истиот тој така е објавен на страницата на Општина Карпош, меѓутоа за жал не е објавена преписката после тој записник која што ние му ја доставивме на градоначалникот, истакна Зечевиќ.

Зечевиќ појасни дека доставената преписка до градоначалникот не е доставена до советниците на Општина Карпош. Не знае зошто се крие доставената преписка и градоначалникот оди само со записникот.

Меѓутоа и само што оди со записникот, ако впрочем убаво се прочита, а објавен е записникот може лесно да се дојде до констатација дека на состанокот се донесоа неколку заклучоци и тоа во однос на границата на планскиот опфат беше заклучена дека ќе се разговара со жителите и дополнително ќе се договори со општината, дали ќе се продолжи со оваа блоковска поделеност или жителите сами ќе финансираат нов регулациски план во Град Скопје. Или ќе бараат Градот Скопје да изготви нов регулациски план односни согласно условите за планирање на просторот дефинирани во законски и подзаконски акти, прочита Зечевиќ од записникот кој што е објавен на страницата на Општина Карпош.

На сето ова Зечевиќ дополни дека со ова градоначалникот се обидува да прикаже дека е постигната некоја согласност, а што апсолутно не е точно. Во записникот децидно се наведено дека воопшто не е постигнато согласност за многуте точки кои биле на дневен ред на состанокот.
По тоа доставена е претставката и како да се нарече до градоначалникот и Советот на Општина Карпош која што градоначалникот воопшто не ја прикажува, нагласи Зечевиќ.

Коронавирус