вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Здружението „Т га за југ“ ќе одбележи 72 години од завршувањето на Граѓанската војна

Здружението „Т га за југ“ ќе одбележи 72 години од завршувањето на Граѓанската војна

Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т га за југ“ соопшти дека годинава се навршуваат 72 години од завршувањето на Граѓанската војна 1949-2021.

За таа цел денеска во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, ќе настапат наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“. Учениците ќе изведат претстава, а ќе прочитаат и свои творби – песни, раскази и македонски трудољубиви песни.

Како што е најавено, ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, ченови на Здружението од сите градови, ученици од основните училишта…

Од Здружението потсетуваат дека во текот на годината имаше повеќе манифестации, се спроведуваше проектот „Младите креатори на нашата иднина“, а од 29 јуни до 4 јули годинава имаше камп во Охрид. Манифестациите се одржаа низ повеќе градови под мотото „Да не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина“.

Коронавирус