среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 36
home Вести

Здружението „Ние сме Македонија“ денеска со мирен протест пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Движењето „Ние сме Македонија“ денеска одржа мирен протест пред седиштето на Обединетите Нации во Њујорк каде македонскиот амбасадор ќе се сретне со грчкиот амбасадор и медијатор Метју Нимиц.

Протестот се одржа утрово во 10 часот, а на него присуствуваа голем дел Македонци од САД.

-Денеска пред Обединетите нации се собравме Македонци од Њуџерси, Њујорк и Вашингтон да побараме од Владата на Република Македонија и Собранието да ги прекинат разговорите за името Македонија. Ние не сме за промена на името, вековно име и нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик и култура се македонски и ние Македонците низ цел свет се будиме се повеќе преку движењето „Ние сме Македонија“, потенцираа Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

Од здружението бараат што повеќе Македонци ширум светот да организираат слични протести пред македонските амбасади и конзулати.

ФОТО: ЗОРАН БАУЛОВСКИ 

Коронавирус