среда, 30. септември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Производителите на медицински канабис, без Вице, го повикаа Талат да ги стави на дневен ред

Производителите на медицински канабис, без Вице, го повикаа Талат да ги стави на дневен ред

Здружението на производителите на медицински канабис, популарно меѓу граѓаните наречени „марихуанџии“ (логиката е од тутун-тутунари, објаснуваат на социјалните мрежи)  „Макканабис“ денеска со прес –конференција пред Законодавниот дом, го повикаа спикерот Талат Џафери, да го стави на седница Законот за опојни дроги и психотропни супстанци и ги повикаа пратениците да го изгласаат овој Закон пред да бидат распишани изборите.

Дополнително одолговлекување, рекоа од Здружението, ќе било повеќе од фатално за четриесетина лиценцирани компании кои работат во оваа област.

Обвинија и на задкулисни игри во нивниот случај, но не објаснија кој стои зад нив.

„Имаме несериозен однос на институциите во Македонија кон оваа дејност. Во оваа дејност се играат игри во позадина кои не дозволуваат овој закон да биде донесен и да се овозможи развој. Зошто не се носи и се играат задкулисни игри не знаеме. Апелираме веднаш Собранието во овој состав да го донесе Законот за да почнеме со развој на дејноста и да овозможиме нови вработувања,“ посочија од здружението, алармирајќи на итноста на нивната потреба. Братот на премиерот во оставка, кој има удел во овој нов бизнис, не присуствуваше на настанот.

Коронавирус