понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија: На 5 мај ве повикуваме сите да го заокружете бројот 2

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија: На 5 мај ве повикуваме сите да го заокружете бројот 2

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија излегоа со официјално соопштение во кое ја изразија својата поддршка на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Почитувана јавност, почитувани Македонци од Егејска Македонија
Ние како најстаро Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија чувствуваме обврска пред самиот крај на вториот круг на претседателските избори да се обратиме до вас со наш став каде во предност, како и секогаш, ќе ги ставиме интересите на Македонците од Егејот и заштитата на културата, јазикот и традицијата.
Во изминатиот период бевме сведоци на изјави од власта на СДСМ во кои Македонците во Егејска Македонија беа негирани и игнорирани. За нив не постои македонскиот јазик кој го говорат нашите роднини и пријатели во Грција. За нив македонското население кое сеуште живее во Егејска Македонија според Преспанскиот Договор е оставено без заштита од македонската држава. Никој толку не ги повредил чувствата на децата бегалци од Егејска Македонија, не ги понижил и негирал како што тоа го направи Владата на СДСМ.
Денеска кога нивниот кандидат Стево Пендаровски ветува дека ќе ја поддржи иницијативата за изучување на македонскиот јазик во дијаспората, време е да повлечеме линија и да кажеме дека ни е доста од ветувања и лаги. Нивните предизборни ветувања и моторни лаги доведоа до степен каде што не понижија како народ,ни го негираа потеклото и јазикот во Егејска Македонија, не оставија сами како луѓе без корен и држава.
Стево Пендаровски е дел од матрицата на СДСМ и сигурни сме дека нема да биде ништо поразличен од оние кои ја нанесоа најголемата штета на Македонците од Егејот, Зоран Заев и Никола Димитров.
Поради тоа, за наше добро, за доброто на Македонците кои живеат во Грција и насекаде во светот, имаме обврска да ја донесеме правдата на свое место во Македонија. `ша страна, не заштитувал и ги бранел нашите права и обврски како во државата така и надвор од неа.
Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола ја дава својата безрезервна поддршка на Гордана Сиљановска Давкова за иден Претседател на Република Македонија.
Доста се манипулираше со гласовите од Македонците од Егејот и со нашиот дигнитет. Веруваме дека Гордана Сиљановска Давкова ќе не направи пред светот горди Македонци, горди на својата татковина, јазик и култура.
Во недела на 5 мај ве повикуваме сите да го заокружете бројот 2. Време е за правда и правдина за Македонците од Егејска Македонија, стои во нивното соопштение.

Коронавирус