петок, 4. декември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Здружението на граѓани за почитување на прописите поднесе кривична пријава против Катица Јанева и нејзини 10 соработници

Здружението на граѓани за почитување на прописите поднесе кривична пријава против Катица Јанева и нејзини 10 соработници

Битолското здружение на граѓани за почитување на прописите поднесе кривична пријава против Специјалното јавно обвинителство, поради незаконско отворање на истражни постапки, по истекот на рокот од 18 месеци кои беше предвиден за неговата работа. Кривичните пријави се против Катица Јанева и уште 10 нејзини помошници.

Истовремено ова Здружение поднесе и предлог за разрешување на јавната обвинителка Вилма Русковска кое јавно на телевизија призна дека била дел од Шарената револуција.

Поради тоа што и покрај изминувањето на рокот кој беше определен во кој може да отвораат истраги и да поднесуваат кривични пријави, да вршат гонење, тие продолжија и понатаму. Кој е мотивот, не ни е познато, во секој случај може да им нанесат штета на оние против кои поднесуваат пријави и истраги, после изминувањето на рокот, вели Васко Костовски – Претседател на Здружението на граѓани за почитување на прописите, во изјава во вестите на ТВ Алфа.

Тој додаде дека СЈО како институција треба и мора да се држи до нормите и правото, почитувајќи го законот кој бил донесен „lex specialis“. Но и покрај тоа Катица Јанева имала изјава каде што кажала дека без разлика на тоа што рокот за отворање на нови истраги и завршил, таа ќе продолжела да ги гони и да покренува нови обвиненија.

Коронавирус