вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Здружението на граѓани „Преродба“ бара оставка од Владата

Здружението на граѓани „Преродба“ бара оставка од Владата

Здружение на граѓани „Преродба“ преку соопштение ги повикува сите граѓани кои сакаат да им се приклучат денеска пред Собранието на Република Македонија и заедно како што велат во нивното соопштение со протестното свечено обраќање да започнат со чествување на најголемиот национален и државен празник – Денот на независноста.

-Токму на Денот на независноста, ќе го пратиме отвореното барање до Власта со барање за нејзина оставка, поради тоа што оваа власт ја прави државата зависна од разни фактори, што и го руши легитимитетот, дигнитетот, суверенитетот и сите особености на независна држава и за да не причинува понатамошни штети на државата и за нејзината независност. И даваме рок од 48 часа да си поднесе оставка. Доколу не го стори тоа ќе постапиме по оперативниот план и стратегија со сите мирољубиви, дозволени, ненасилни и демократски средства, сè до поднесувањето на оставката, се наведува во соопштението на здружението на граѓани „Преродба“.

Исто така, како што се додава во нивното соопштение, тие бараат и мораториум на еднострано политиканско решавање на македонските прашања, од здружението потенцираат дека ќе има и свечено потпишување на декларација на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за зачувување на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Коронавирус