четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 206
home Вести

Здружението „Канцерогено општество“ утре излегува на протест против аерозагадувањето

Здружението „Канцерогено општество“ утре излегува на протест против аерозагадувањето

Се надеваме дека ќе имаме поддршка од сите граѓани, еколози и експерти на утрешниот протест што ќе се оддржи пред Собранието во 13:00 часот, изјави на денешната прес-конференција Кристијан Узунов од Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“.

-Свеста на народот се буди. Тоа е многу добро. Се надеваме на заедничка соработка и на масовност за да успееме во нашите барања во конкретни барања. Се надеваме на поголема масовност, на поголема поддршка со која јасно ќе им даде до знаење кои се нашите следни чекори и доколку останат неми и глуви на нашите барања ќе почнеме со порадикални мерки. Даваме поддршка на денешната блокада- малиот протест што ќе трае 15 минути пред Дрисла, нагласи Узунов.

Узунов упати прашање до заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули што сработил изминатата недела, односно од нивниот претходен протест, каде поставиле јасни барања да се свика идна владина седница за загадувањето на воздухот .

-Ако може, додека децата се гушат, додека сите ние се гушиме, тој во текот на денешниот ден да даде отчет што сработил. Да си ги напише забелешките што треба да ги среди и до крајот на денот да изјави пред камери што тој направил за ние да дишеме почист воздух. Мислам дека има обврска да го стори тоа и да видиме реално, додека ние бараме, додека протестираме, дали владата се ангажира да го реши овој проблем.

Најнови вести

Локални избори 2021