понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки: Ние сме од витална важност, поддршка за протестот

Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки: Ние сме од витална важност, поддршка за протестот

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) го дига гласот против насилството на здравствените работници и го поддржува јавниот протест кој ќе се одржи во среда на 18 септември, инициран од АСМЛ.

-Медицинските сестри и акушерки  како и другите здравствени професионалци кои се жртви на насилство не се одговорни и не се криви за насилството кое што го преживеале. Било какво насилство нема оправдување  е недозволиво  и претставува кршење на основните човекови права и треба да биде казниво за лицето кое го починило. Ние кои се грижиме за Вас, ги почитуваме вашите права, ве слушаме и разговараме со Вас, 24 часа се грижиме и ве негуваме, се обидуваме да ги разбереме луѓето од сите возрасти, вери и  култури. Ние кои се движиме напред секојдневно унапредувајќи се во полето на здравствената нега, за да ја зголемиме безбедноста на нашите пациенти Ви благодариме  и што секој ден и на секој чекор не критикувате, а ако некој ден не сме по ваша мерка  па и ние сме само луѓе.  Мeѓутоa  најостро  го осудуваме агресивното однесување и нападите врз нас. Мора да имаме меѓусебен однос на доверба и взаемно почитување – ЗАТОА ШТО СМЕ ОД ВИТАЛНА ВАЖНОСТ,  СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И НЕГУВАЊЕ, А И МАЛКУ СМЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, се наведува во нивното соопштение.