вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

Здружение на медицински сестри: Ако не се реши нашиот статус, ќе имаме уште поголем одлив по пандемијата

Здружение на медицински сестри: Ако не се реши нашиот статус, ќе имаме уште поголем одлив по пандемијата

Претседателката на Здружението на медицински сестри Гордана Бешлиовска, денеска се огласи во врска со отказите кои ги дадоа трите медицински сестри од Клиниката за инфективни и фербилни болести, меѓу кои беше иглавната сестра.Таа смета дека медицинските сестри треба да имаат подобар статус, и ако истиот не биде решен, тогаш ќе се случува уште поголем одлив по пандемијата.

„Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив.

Ќе имаме вакви случаеви многу, ако не се реши статусот. Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат“, рече Бешлиовска.

Коронавирус