понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 148
home Вести

Здравството паѓа според европските индикатори: Се чувствуваат последиците од неодговорното работење на власта

Во текот на летните месеци за само неколку недели умреа 10-тина новороденчиња, а никој не поведе случај зошто бебињата умираа ниту пак презема одговорност.
Здравството паѓа според европските индикатори: Се чувствуваат последиците од неодговорното работење на власта

Република Македонија бележи историски пад по европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2017-та година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода и е рангирана на 22 место на самата листа. Ова е пад за 2  места во однос на минатата година.

Европскиот здравствен потрошувачки индекс ги анализира националните здравствени системи врз основа на 48 индикатори  како што се правата и информираноста на пациентите, пристапот кон здравствена заштита, резултати од лекување, обем, и подрачје на услугите, превенција и користење фармацевтски производи.

Според европскиот здравствен потрошувачки индекс, Република Македонија во 2016-та година беше рангирана на 20-тото место. Тогаш Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше остро критикувана од страна на опозицијата СДСМ.  Тие во своите соопштенија пишуваа дека само нова одговорна Влада може да ги заштити граѓаните чие здравје е во опасност од криминалната власт во заминување. И кога СДСМ дојде на власт Република Македонија според овој извештај забележа пад за 2 места подолу.

Овој пад на Република Македонија се должи поради низа катастрофални лоши политики што ги спроведе Министерот за здравство. За само една година македонските граѓани се сведоци на низа лоши случаи што се случија и зедоа човечки животи.

Во текот на летните месеци за само неколку недели умреа 10-тина новороденчиња, а никој не поведе случај зошто бебињата умираа ниту пак презема одговорност.

Пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, скапите лекови беа принудени да ги набавуваат од странство на сопствена сметка, додека оние кои немаат средства да ги набават овие скапи лекови се оставени да преживуваат без нив.

И деновиве граѓаните на Република Македонија беа сведоци на уште еден скандал каде тинејџер почина за време на операција на колено на Клинички Центар во Скопје, а причините не беа познати.

Европскиот здравствен потрошувачки индекс ги рангира државите, поточно здравствениот систем во државите во Европа, односно колку тој е ефикасен.

Коронавирус