сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 105
home Вести

„Здравството од ден во ден тоне откако СДСМ дојде на власт- дали Филипче се води по максимата кој има пари ќе преживее?“

„Здравството од ден во ден тоне откако СДСМ дојде на власт- дали Филипче се води по максимата кој има пари ќе преживее?“

Здравството од ден во ден тоне откако СДСМ дојде на власт. СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, функционираат и размислуваат по принципите на единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ е партијата која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема, ги троши за богатење на нивни блиски луѓе. Венко Филипче, најави префрлање на Детската кардиохирургија во Жан Митрев клиниката како јавно-приватно партнерство. Сега најави и здравствените услуги како ин витро оплодување, Итната помош и други дејности да преминат во приватното здравство или како што Филипче го нарекува јавно приватно партнерство, стои во партиското соопштение и се додава:

„Дали со овој чекор министерот за здравство сака да најави дека освен префрлување на здравствени дејности во приватен сектор каде услугите ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, ќе има и приватизации? Дали министерот се води по максимата кој има пари ќе преживее? Дали министерот работи на уништување на јавното здравство? СДСМ беше и останува канцер во македонското здравство“.

Коронавирус